Во Индија годишно ќе се произведуваат 100 милиони дози руска вакцина

пред 4 години

Рускиот фонд за директни инвестиции и индиската фармацевтска компанија „Хетеро“ се договорија годишно во Индија да се произведуваат повеќе од 100 милиони дози вакцина против коронавирус Спутник 5, соопшти компанијата Гамалеја, која ја развива вакцината.

Според најавата на „Твитер“, производството на вакцини се планира да започне на почетокот на 2021 година, пренесува „Ројтерс“.

Втората и третата фаза од тестирањето на таа вакцина во моментов се во тек во Индија, кои се многу обемни и треба да завршат до март следната година.

Share
Scroll to Top