Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани 11 починати и 733 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 193 пациенти.
Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 809 од вкупно 28.616 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.
Болеста досега ја совладале 17.055 лица, а актулени во моментов, според официјалните податоци, се 8.845 случаи.
Вчера се извршени 1.791, а вкупно досега 117.585 тестирања со методот РТ-ПЦР.
Поради, како што оцени Владата, мошне тешката состојба со заразата, од вчера во земјата стапија во сила нови мерки за заштита од ширењето на епидемијата, меѓу кои е карантинот и полицискиот час во општините со најголем процент на заразени.
Жартиште на епидемијата е главниот град Приштина, во кој бројката на лица кои досега се потврдени како носители на коронавирусот, вклучително случаите од последните 24 часа, надмина десет илјади и сега изнесува 10.215.