Во Лондон почнува судењето на Грета Тунберг, активисти најавуваат протести пред судот

Во Лондон почнува судењето на Грета Тунберг, активисти најавуваат протести пред судот

пред 11 месеци

Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска ќе се појави пред судот во Лондон под обвинение за нарушување на јавниот ред и мир поради протестот пред местото на кое минатата година се одржа конференцијата за нафта и гас.

Таа, заедно со уште четири лица, беше уапсена во октомври пред хотел во Лондон, каде што лидерите на индустријата беа домаќини на енергетски форум, пренесува „Ројтерс“.

Сите петмина обвинети се изјаснија за невини, а нивното судење, кое се очекува да трае најмалку два дена, ќе го води судија без порота.

Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со максимална глоба од 2.500 фунти.

Други климатски активисти, вклучително и групата „Гринпис“, најавија дека ќе протестираат пред судот во знак на солидарност со обвинетите.

Текстот Во Лондон почнува судењето на Грета Тунберг, активисти најавуваат протести пред судот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top