Во Париз уапсен еден од осомничените за убиство на новинарот Кашоги

пред 3 години

Државјанин на Саудиска Арабија е уапсен во Франција под сомнение за вмешаност во убиството на новинарот Џамал ​​Кашоги.

Француските медиуми јавуваат дека осомничениот Калед Аед ал-Отајиби бил уапсен на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Тој е еден од 20. Саудијци по кои трагаат турските власти.

33-годишниот поранешен саудиски војник патувал под свое име и е задржан во судски притвор.

Потсетување, новинарот Џамал ​​Кашоги кој важеше за истакнат критичар на саудиската влада, беше убиен во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година.

Share
Scroll to Top