Разговорот помеѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Џо Бајден бил деловен, но се слушале и шеги и духовити забелешки.
Ова пред печатот го откри помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков.
„ Разговорот траеше два часа, го снимавме времето. Претседателите разговараа точно два часа во формат на затворена видео конференција“, изјави Ушаков, а пренесува руската агенција ТАСС.
„ Разговорот беше доста отворен и деловен, но во исто време имаше шеги и размена на духовити коментари. Тоа беше нормален разговор меѓу двајца сериозни лидери кога се разговара за сериозни прашања и кога се поставуваат чувствителни теми“, изјави помошникот на рускиот претседател.
Според него, лидерите на САД и Русија направиле неколку шеги, додавајќи дека мудрите луѓе знаат долгата фраза или идеја да ја претворат во кратка, претворајќи ја во шега.