САД потврдија речиси милион нови случаи на коронавирус, што е речиси двојно повеќе од минатата недела.
Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за 50 отсто и сега изнесува над 100.000.
Според податоците на Американската академија за педијатрија и Здружението на детски болници, минатата недела се регистрирани повеќе од 325.000 заразени деца.
Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради Омикрон.
„Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност“, рече Бајден.
Светската здравствена организација вчера соопшти дека омикрон засега предизвикува полесни форми на болеста. Сепак, здравствените власти предупредуваат дека бројот на заразени со омикрон го загрозува болничкиот систем, кој веќе е оптоварен со пациенти заболени од Ковид, главно невакцинирани лица.