Во Словенија повеќе од 1.600 новозаболени од коронавирус

пред 4 години

Според последните, неофицијални податоци, во Словенија има повеќе од 1.600 новозаболени лица, објави веб-страницата 24 УР, која објавува неофицијални податоци за коронавирусот секое утро, а за кои подоцна се утврдува дека се точни.

Порталот додава дека влегоа во сила и новите мерки воведени за борба против пандемијата, кои се однесуваат на услужните дејности и на спортските активности.

Така, фризерските и козметичките салони, кои сега се наоѓаат во црвената зона, ќе можат да примаат само по еден клиент во еден термин, додека доставата на храна ќе може да се одвива помеѓу шест часот наутро и 21 часот.

Кога станува збор за спортски активности, тренинзите и натпреварите им се дозволени само на регистрираните спортисти.

Во Словенија е во сила полициски час, според кој е забрането движење од 21 до 6 часот наутро, а на седум словенечки региони, каде што е најтешката епидемиолошка состојба во карантин, им е дозволено да се движат од еден во друг регион само во посебни ситуации.

Share
Scroll to Top