Во Србија 1.968 новозаболени од коронавирус, 14 починати

пред 4 години

Во Србија во последните 24 часа беа потврдени 1.968 нови случаи на коронавирус, од тестирани 11.854 лица, а починаа 14 лица. На апарати за дишење се приклучени 126 пациенти, објавено е на веб-страницата covid19.rs.

Од почетокот на пандемијата, потврдени се вкупно 404.668 случаи на коронавирус во Србија, а тестирани се 2.675.996 лица кои ги исполнија критериумите за дефинирање на случајот.

Вкупно починаа 4.099 лица. На болничко лекување има 3.987 лица, а стапката на смртност е 1,01.

Share
Scroll to Top