Во Србија повеќе од 4.800 новозаразени со коронавирус, 39 починати

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 16.910 лица на коронавирус, од кои 4826 биле позитивни, додека починале 39 лица.

Во моментов има 299 пациенти на апарати за дишење, а 7.641 пациент во болниците.

Од почетокот на пандемијата во Србија се регистрирани вкупно 610.232 случаи на корона, а бројот на смртни случаи е 5.384.

Досега се тестирани вкупно 3.458.046 примероци.

Нова седница на Кризниот штаб ќе се одржи денес во 16 часот, кога ќе се одлучи дали постојните мерки ќе останат на сила или ќе има мало опуштање.

Премиерката Ана Брнабиќ најави дека ќе се разгледа потенцијално олеснување на мерките, бидејќи може да се забележи стагнација во бројот на новозаразени лица.

 

Share
Scroll to Top