Во Србија помалку од 1.700 новозаразени со коронавирус, 20 починати

пред 6 години

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 10.240 лица за коронавирусот, од кои 1.648 биле позитивни, додека починале 20 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, има 166 пациенти на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Досегашните корона-рекорди се: најпозитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.

Share
Scroll to Top