Во хотел во Манчестер, уапсен командант на авганистанските специјални сили

пред 4 години

Вооружената полиција го уапси командантот на авганистанските специјални сили во хотел во Манчестер, пренесуваат тамошните медиуми.

Според извештаите тој бил таму со семејството во изолација, по евакуацијата од Кабул.

Апсењето се случило помеѓу 31 август и 1 септември, а се верува дека командантот се уште е во притвор.

Се уште не е познато зошто е уапсен или дали е обвинет за кривично дело.

Медиумите потсетуваат дека во Англија, полицијата може да задржи осомничен до 96 часа без обвинение доколку е осомничен за сериозно кривично дело, и до 14 дена ако биде уапсен според законите за тероризам.

Министерството за внатрешни работи, како и Министерството за одбрана, не го коментираа овој настан.

Share
Scroll to Top