Во Хрватска 1.529 нови случаи на коронавирус, 38 лица починале

пред 4 години

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 1.529 нови случаи на коронавирус, а починале 38 лица.

Бројот на активни случаи во Хрватска е 14.942. Меѓу нив, 1.451 пациент е во болница, од кои 142 пациенти се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај во Хрватска, вкупно заболеле 68.776 лица, од кои 832 починале, а оздравеле 53.002 лица, од кои 2.227 во последните 24 часа.

Во моментов има 28.122 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 564.686 лица, од кои 5.670 во последните 24 часа.

Share
Scroll to Top