Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

пред 1 година

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.

„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.

Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.

Текстот Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top