Во Шведска рекорден број на новозаразени од почетокот на пандемијата

пред 4 години

Во Шведска, во последните 24 часа се регистрирани 1.980 нови случаи на коронавирус, што е најмногу од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

Здравствените експерти, сепак, посочуваат дека на врвот на епидемијата во текот на пролетта, веројатно, имало многу повеќе заразени лица, но тоа не било забележано поради недостаток на тестови во тоа време.

Уште девет лица починаа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 5.927, пренесува „Ројтерс“.

Стапката на смртност од коронавирус во Шведска е неколку пати поголема од нејзините нордиски соседи, но сепак е пониска од поголемите европски земји како што се Шпанија и Велика Британија.

За разлика од другите земји, Шведска не воведе строги мерки во борбата против коронавирусот.

Share
Scroll to Top