Eксперти: „Европа се соочува со нов бран на џихадистички тероризам, може да биде и полошо“

Воен аналитичар: Израел може да го искорени Хамас само на еден начин

пред 1 година

Воениот аналитичар Маринко Огорец за хрватската Н1 ги коментира ситуацијата на Блискиот Исток и четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, кое стапи во сила утрово.

„Тоа примирје може да биде чекор кон стабилизација на таа област доколку тоа, воопшто, е можно“, рече Огорец.

Израел на самиот почеток на своите операции изјави дека сака да го искорени Хамас, но се уште се разговара која е крајната цел на Израел и дали е навистина можно целосно да се уништи Хамас.

„Ќе биде многу тешко да се уништи Хамас. Видовме како цивилите од Газа се гордеат што дале добар отпор, тие се горди на луѓето што се бореле. Идејата што Хамас ја посеал е тешко да се искорени. Можете да ги убиете луѓето што го сочинуваат Хамас сега, но ќе дојдат други“, тврди тој.

Огорец наведува дека искоренувањето на Хамас е практично невозможно. „Тогаш би морале да го убијат целиот народ, сите Палестинци во таа област“. Сепак, тој наведува дека Израел му нанел голем удар на Хамас, особено со влегувањето во тунелите, на кои Хамас многу се потпирал.

Тој додава дека посредувањето на Катар во оваа ситуација било доста успешно. „Израел го смета Хамас за терористичка организација и нема преговори со терористите. Катар одигра квалитетна улога и верувам дека тивката дипломатија дури сега почнува да работи со полна брзина. Мислам на сите актери вклучени во преговорите. САД се вклучени во тоа, веројатно да. Има повеќе актери и важно е овие преговори да останат тивки и да ги решат проблемите“.

Тој се осврна и на летоците што беа пуштени во Газа во пресрет на примирјето, а кои беа порака до Палестинците да не се враќаат во своите домови на север. Сепак, Огорец не верува дека таквата порака сугерира дека Израел сака да го окупира тој дел од енклавата.

„Не гледам дека би било во интерес на Израел да го окупира тој дел од Газа. Тоа не би имало ни добар одговор во меѓународната заедница. Тоа некако би го дискредитирало сето она што досега го постигнале во оваа операција“, вели воениот аналитичар.

Текстот Воен аналитичар: Израел може да го искорени Хамас само на еден начин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top