Страшна сообраќајка во Србија, еден загинат и 14 повредени во судир на камион и автобус

Возачот на автобусот кој удри во камион во близина на Белград е уапсен

пред 1 година

Српската полиција го уапси М.К. (63), осомничен дека изутрината на Новиот обреновачки пат во населбата Умка во насока кон Белград, додека управувал автобус на градски превоз удрил во камион, при што едно лице од автобусот загинало, а 20 се повредени.

Одредена му е мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Тој се товари за тешко кривично дело против безбедноста на јавниот превоз и е уапсен по наредба на Второто основно обвинителство.

Текстот Возачот на автобусот кој удри во камион во близина на Белград е уапсен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top