„Волстрит журнал“: Трамп со часови викал на советниците поради соборен авион

„Волстрит журнал“: Трамп со часови викал на советниците поради соборен авион

пред 2 часа

Воените советници намерно го исклучиле американскиот претседател Доналд Трамп од командната соба за време на операција за спасување на соборен пилот во Иран, стравувајќи дека неговата непредвидливост може да ја загрози мисијата, објави „Волстрит џурнал“.

Според извештајот, по соборувањето на авионот, Трамп со часови викал на своите соработници, потсетувајќи на кризата со американските заложници во Иран во 1979 година.

Операцијата за спасување траела 24 часа и се соочила со сериозни технички проблеми, вклучително и заглавување на летала во пустински песок. Поради ризик од импулсивни одлуки, советниците му давале на Трамп информации само во клучни моменти.

Еден пилот бил успешно спасен, но тензиите продолжиле, а Трамп подоцна упатил остри закани кон Иран на социјалните мрежи.

Иако воените планери предложиле опции за заземање на клучен ирански остров, Трамп го одбил планот поради страв од големи загуби.

Со оглед на продолжувањето на конфликтот, американските власти сè повеќе гледаат кон преговори во Пакистан како можен излез од кризата.

Текстот „Волстрит журнал“: Трамп со часови викал на советниците поради соборен авион е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top