Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека земјата е во вонредна состојба поради снабдувањето со електрична енергија.
По вонредната седница на Советот на министри, тој најави дека во сабота официјално ќе биде објавен план за решавање на кризата, пренесуваат албанските портали.
Според Рама, тој план треба да им помогне на граѓаните од сите слоеви на животот.
„Имаме ситуација со диктаторски раст на цените на електричната енергија на меѓународните пазари. Оваа одлука и дава можност на државата да интервенира со финансиски или административни инструменти за да се справи со ситуацијата“, рече Рама.
Според експертите, кризата може да трае до средината на 2022 година, но тоа не значи дека тогаш ќе заврши.
„И после тоа, цените нема да се вратат во периодот пред кризата. Она што треба да го направиме е да ги заштитиме потрошувачите“, рече Рама.