Нов земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер ја погодил областа околу хрваткиот град Петриња во 12:58 часот, пренесоа регионалните медиуми.
Епицентарот бил на околу 10 километри од Петриња и 43 километри од Загреб.
„Денеска во 12 часот и 58 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба забележаа прилично силен земјотрес со епицентар на околу 10 километри југозападно од Петриња. Магнитудата на потресот била 3,8 степани според Рихтеровата скала, а интанзитетот во епицентарот V степени според скалата на EMS“, јавија од Сеизмолошката служба.
Ова е втор регистриран потрес за помалку од 24 часа, откако вчера во 22.30 часот, во речиси истата област, беше забележан потрес со јачина од 4,5 степени.
Граѓаните од поширокиот регион јавуваат дека многу го почувствувале денешниот земјотрес.
„Хорор, силно ја потресе куќата“, напишало едно лице од Глина на социјалните мрежи, а пренесе порталот „Индекс“.
По синоќешниот земјотрес во Хрватска, не се пријавени нови штети, соопштија хрватските служби.