Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му честиташе на Емануел Макрон за победата во трката за претседател на Франција.
– Почитуван господине претседателе, драг пријателе, примете срдечни честитки за реизборот за претседател на Француската Република. Довербата што граѓаните ви ја покажаа и овој пат несомнено потврдува дека вашето лидерство се заснова на оние принципи и вредности кои се длабоко вкоренети во народот на Франција.
Слободата, еднаквоста и братството се непроменливи и универзални принципи на чијашто суштина сите треба да се сеќаваме, особено во актуелниот историски момент, можеби повеќе од кога било досега.
Споделувајќи ги токму овие вредности, Србија останува посветена на зајакнување на односите со Франција, кои се засноваат на традиционално пријателство и стратешко партнерство. Со вашиот реизбор за претседател, убеден сум дека српско-француските односи се на добар пат да достигнат нови граници.
Франција може да смета на Србија како искрен пријател и партнер, а убеден сум дека можеме да сметаме и на поддршката од вашата земја, во корист на мирот и стабилноста на Западен Балкан.
Уште еднаш ви ја честитам изборната победа со најдобри желби за понатамошен напредок на вашата земја и благосостојба на сите нејзини граѓани – рече Вучиќ.