Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја потврди веста за смртта на патријархот Иринеј. Тој на Инстаграм објави црно-бела фотографија од Иринеј по којашто напиша: „Чест ми беше што ве познавав. Таквите како вас никогаш не заминуваат“.
View this post on Instagram
Според српските медиуми, здравствената состојба на патријархот се влошила вчера. Тој беше тестиран позитивен на коронавирус на 4 ноември, а следниот ден беше хоспитализиран. За него се грижеа српски и руски лекари. Патријархот имаше 90 години.