Вучиќ повторно е кандидат за претседател на Србија

пред 3 години

Српската напредна странка на состанок одлучи актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ повторно да биде нивен претседателски кандидат на претстојните избори.

„Вучиќ прифати. Наша цел е да испишеме историја и да ја однесеме најголемата победа досега, победа во првиот круг. Веруваме во историска победа. Вучиќ е кандидат, затоа што сега најважна е стабилноста“, рече потпретседателката на партијата, Ана Брнабиќ.

Додаде дека кампањата ќе биде позитивна, ќе говорат за резултатите и за визијата за Србија.

„Поради околностите, нема да може да се води кампањата вообичаено, бидејќи Александар Вучиќ повеќе ќе работи на она што потребно како претседател, а помалку ќе се занимава со кампањата“, додаде таа.

Share
Scroll to Top