Српскиот претседател, Александар Вучиќ, за време на средбата со украинскиот амбасадор, Володимир Толкач, рече дека Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Вучиќ изрази искрено жалење за ситуацијата во Украина и посочи дека Србија е посветена на почитување на принципите на територијален интегритет и суверенитет на државите како еден од основните принципи на меѓународното право, пренесува Н1 Србија.
Тој рече дека во таа смисла Србија го почитува територијалниот интегритет и на Украина, соопштија од кабинетот на Вучиќ.
Вучиќ истакнал дека Србија ги обезбедила најдобрите можни услови за бегалците од Украина, како и сите права на дозволи за престој и работа. Додал дека тоа го обезбедуваат правилата на земјите од ЕУ односно дека е дури и на повисоко ниво и европската легислатива.
Српскиот претседател најавил и дека наскоро со Толкач ќе ги посети украинските бегалци во Србија, а Србија ќе учествува во обновата на градовите во Украина.
Тој повторил дека Србија, во согласност со својата доследна политика, е посветена на мирно решавање на споровите.






