Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници

пред 44 минути

Во несреќа што се случи денес во индустриски погон во Нирнберг, повредени се 30 лица, од кои две се во животна опасност, соопштија германските служби за итни случаи.

Според баварскиот Црвен крст, едно лице е реанимирано на лице место по истекување на непознати хемикалии во фабриката на улицата Турн-унд-Таксис, во градската населба Шафхоф, објавува „Билд“.

Инцидентот се случил околу 11:30 часот, по што на терен биле испратени силни сили од пожарникари, брза помош и полиција. Според податоците на противпожарната служба, во акцијата учествувале околу 100 членови на спасувачките екипи.

Властите изјавија дека 20 лица се здобиле со полесни повреди, осум се умерено повредени, додека две лица се тешко повредени и се во критична состојба.

Вкупно 17 повредени лица се пренесени во болници за понатамошно лекување, додека околу 90 лица се згрижени на лице место.

Причината за несреќата и видот на хемикалијата што протекла засега се непознати. Пожарникарите објавија дека компанијата каде што се случила несреќата редовно користи хемиски супстанции во работниот процес.

Зградата е евакуирана како мерка на претпазливост, а според информациите од службите за итни случаи, немало опасност за населението бидејќи ослободените супстанции останале во зградата.

Текстот Германија: Истекоа токсични хемикалии во фабрика, има повредени работници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top