Германија ја активираше првата фаза од планот за итни случаи за гас

пред 3 години

Германскиот сојузен министер за економија Роберт Хабек ја активираше фазата на рано предупредување од таканаречениот „план за итни случаи за гас“.

Планот има три кризни нивоа. На првото ниво, предвидено е формирање на кризен тим кој ќе ја анализира и проценува состојбата со снабдувањето, со цел, доколку е потребно, да се преземат дополнителни мерки за зголемување на безбедноста на снабдувањето.

Хабек изјави дека во моментов нема тесни грла за снабдување, но сепак, мора да ги зголемат мерките на претпазливост за да бидат подготвени во случај на ескалација од страна на Русија,

Според Министерството, целокупното снабдување на сите германски потрошувачи на гас во моментов е сè уште загарантирано. Од секој потрошувач на гас се бара да ја намали потрошувачката што е можно повеќе.

Share
Scroll to Top