Германската полиција отвори истрага за смртта на баварскиот вицепремиер, Хуберт Ајвангер (55), кој вчера вечерта беше пронајден мртов во хотелска соба во германската престолнина.
Целта е да се утврдат точната причина и околностите на смртта, како и да се исклучи евентуална вмешаност на трето лице, соопштија полицијата и обвинителството.
Според германските медиуми, засега нема индиции дека смртта е последица на кривично дело. На местото се врши прибирање докази, а се очекува да биде наредена и обдукција. Причината за смртта сè уште не е официјално утврдена.
Ајвангер допатувал во Берлин за да присуствува на отворањето на партиска канцеларија на „Слободни избирачи“, партијата што ја предводеше. Сепак, го откажал учеството бидејќи не се чувствувал добро. Подоцна станал недостапен, по што бил пронајден мртов во хотелската соба.
Баварскиот премиер Маркус Зедер изрази длабока потресеност поради ненадејната смрт на својот заменик, оценувајќи ја како страшна трагедија.
Текстот Германската полиција ја истражува смртта на баварскиот вицепремиер, се утврдува дали е вмешано трето лице е превземен од МАКФАКС.






