Грета Тунберг уапсена во Копенхаген на студентски протест против војната во Газа

Грета Тунберг уапсена во Копенхаген на студентски протест против војната во Газа

пред 2 години

Полиција ја уапси шведската активистка Грета Тунберг на денешните протести против израелската војна во Газа на Универзитетот во Копенхаген, објави данскиот „Екстра бладет“.

Тунберг на нејзиниот Инстаграм профил сподели видео снимено пред зградата на универзитетот и додаде дека полицијата ги растера демонстрантите.

„Студентите и јас сме во административната зграда на Универзитетот во Копенхаген“, рече таа.

Групата студенти објави дека нема да ја напушти зградата додека Универзитетот во Копенхаген не ја прекине соработката со израелските образовни институции.

Како што изјави репортерот на „Екстра Блејд“ од местото на настанот, покрај Тунберг, полицијата уапсила уште неколку демонстранти.

Текстот Грета Тунберг уапсена во Копенхаген на студентски протест против војната во Газа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top