Гринкевич: НАТО ќе се справи во Европа и со помалку американски војници

Гринкевич: НАТО ќе се справи во Европа и со помалку американски војници

пред 1 час

Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич изјави дека верува оти Европа ќе се справи добро дури и со помалку американски војници на Стариот континент.

„Европа нема да има проблеми дури и ако САД повлечат дел од своите сили“, рече Гринкевич, пренесува Политико.

Како што вели тој, Европа и Канада имаат доволно капацитети, а НАТО е подготвен за секоја криза.

Според него, политичките недоразбирања не влијаеле на оперативната подготвеност на НАТО, а зголемените европски инвестиции дополнително ќе ја зајакнат одбраната, дури и ако САД повлечат повеќе војници.

Гринкевич додаде дека постои ризик Русија да се обиде со колективна одбрана на НАТО во блиска иднина, а предупреди и за долгорочната опасност, пренесува Танјуг.

Тој вели дека хибридните напади се сериозен проблем и дека НАТО разгледува поактивни одговори, иако не даде детали. Политико проценува дека овие изјави доаѓаат во време кога се очекува новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, која би можела да доведе до повлекување на дел од американските трупи од Европа и пренасочување кон Индо-Пацификот.

Како поткрепа на ова тврдење, Политико ја наведува одлуката на Вашингтон да повлече 800 војници од Романија минатиот месец, што предизвика негодување во Букурешт.

Фото: ЕПА

Текстот Гринкевич: НАТО ќе се справи во Европа и со помалку американски војници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top