Московскиот суд ја казни американската компанија „Гугл“ со 7,2 милијарди рубљи (98,4 милиони долари) поради системско неотстранување на забранети информации.
„Гугл“ е одговорен за административната повреда, според одлука на судот во областа Тагански во Москва“, се вели во соопштението на судот, цитирано од руската агенција Тасс.
Се додава дека е изречена административна парична казна во износ од 7.221.916.235 рубљи (98,4 милиони долари).