Гутереш: Ситуацијата во Газа е пекол за децата

пред 3 години

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ситуацијата во Газа ја опиша како пекол за најмладите. Тој во своето обраќање во Обединетите нации, побара од Израел да им обезбеди на локалното население пристап до помош, која што тој најави дека сам ќе ја организира.

„ Ако има пекол на Земјата – тоа се животите на децата денес во појасот Газа. Непријателствата предизвикаа сериозна штета на виталната инфраструктура што ја користат цивили во Газа, вклучувајќи патишта и снабдување со електрична енергија”, рече генералниот секретар на ООН.

Тој повика на итен прекин на огнот, барајќи од израелската армија максимална воздржаност, додека од друга страна, движењето Хамас повика на ставање крај на ракетирањето на израелската територија. Тој апелираше до Израел да престане со уривањето и иселувањето на палестинската територија.

„ Пристапот до хуманитарни добра е најважен. Нападите на милитантните групи врз околните области се неприфатливи. Во исто време, Израел е должен да овозможи брз и непречен пристап до хуманитарната помош до појасот Газа”, подвлече генералниот секретар на ООН.

Стотици згради и домови беа уништени или оштетени, додека, како што истакна Гутереш, неколку болници беа оштетени во воздушните напади.

„ Околу 50.000 луѓе побараа засолниште во училиштата на Обединетите нации, џамии и други места со мал пристап до вода, храна, хигиена или здравствени услуги“, рече Гутереш.

Share
Scroll to Top