Гутереш уште еден мандат ќе биде на чело на ОН

пред 4 години

Генералното собрание на ОН го именуваше денеска актуелниот генерален секретар на светската организација, Антонијо Гутереш за втор петтогодишен мандат.

Новиот мандат на Гутереш почнува од 1 јануари 2022 година.

Советот за безбедност на ОН на 8 јуни го поддржа Гутереш за втор мандат на оваа функција, со што му препорача на Генералното собрание, кое има 193 членови, да го именува за уште пет години.

Share
Scroll to Top