Првиот заменик-претседател на украинскиот парламент, Олександр Корниенко, го објави почетокот на работата на работната група која ќе се занимава со прашањето за организирање претседателски избори во Украина.
Според него, првиот состанок ќе се одржи веќе оваа недела, каде што ќе се разгледаат можностите за спроведување избори во воени услови, иако Уставот на Украина забранува избори за време на вонредната состојба воведена по руската агресија.
Иако претседателот Володимир Зеленски претходно ја отфрли таквата можност поради уставни пречки, раселени граѓани и окупирани територии, притисоците од Русија и САД, вклучително и барањата од Доналд Трамп, сега укажуваат дека Киев сè уште би можел да разгледа чекори кон одржување избори дури и пред формалниот крај на војната.
фото/депозитфотос
Текстот Дали Зеленски ќе го исполни барањето на Трамп: Се разгледува одржувањето на претседателски избори е превземен од МАКФАКС.






