Дачиќ се огласи за прв пат откако беше хоспитализиран: сподели песна

Дачиќ се огласи за прв пат откако беше хоспитализиран: сподели песна

пред 2 часа

Српскиот министер за внатрешни работи се огласи за прв пат откако беше итно хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија поради билатерална пневмонија.

„Драги пријатели, ви се обраќам за прв пат од тој ужасен ден, 25 февруари. Се вратив во живот! Сè уште сум во болница, но советот формиран од министерот Лончар ми соопшти дека треба да си заминам овие денови и да го продолжам лекувањето дома.

Тој црн ден јасно ми покажа што и кои треба да бидат моите приоритети. Денот кога задремав на пат од животот, пет дена во несвест на границата помеѓу животот и смртта, и моето повторно будење на роденденот на мојот покоен татко Десимир, 2 март“, напиша Дачиќ на Инстаграм.

Текстот Дачиќ се огласи за прв пат откако беше хоспитализиран: сподели песна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top