Дачиќ: Ќе бидам кандидат за премиер, а Вучиќ е нашиот заеднички кандидат за претседател

пред 3 години

Јас ќе бидам носител на листите на сите нивоа, а на претседателските избори ќе го поддржиме заедничкиот кандидат и лидер на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, изјави Ивица Дачиќ, претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС).

„Како носител на листата, јас сум и кандидат на СПС за премиер“, изјави Дачиќ на новинарите пред седницата на Главниот одбор на партијата.

Ќе настапиме заедно со нашите традиционални партнери Обединета Србија и Зелените од Србија, додаде лидерот на социјалистите.

Што се однесува до еколошките движења и партиите кои објавуваат зелени листи, Дачиќ вели дека единствена вистинска зелено-левичарска коалиција е онаа предводена од СПС.

„Добро знаете дека лубеницата која е зелена однадвор е црвена одвнатре“, вели Дачиќ.

Потсети дека на последните парламентарни избори имаа 10,5 отсто и изјави дека очекуваат стабилен резултат и на претстојните.

„Очекуваме подобар резултат во Белград од минатиот пат, ќе имаме одличен кандидат за градоначалник“, рече тој, без да го наведе името.