Дванаесет загинати во израелски напади на југот на Либан

Дванаесет загинати во израелски напади на југот на Либан

пред 1 час

Најмалку 12 лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а 25 се повредени во израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.

Израелската армија соопшти дека нападите следеле откако Хезболах лансирал неколку дронови кон израелски војници во јужен Либан. Според нив, пресретната била и ракета насочена кон област каде дејствувале израелски сили.

И покрај формалното примирје, судирите меѓу Израел и Хезболах продолжуваат речиси секојдневно, а тензиите дополнително се зголемија по почетокот на војната со Иран.

Примирјето беше објавено во средината на април по разговори што ги посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп.

Текстот Дванаесет загинати во израелски напади на југот на Либан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top