Дванаесетгодишно дете загина во нападот на училиште во Финска

Дванаесетгодишно дете загина во нападот на училиште во Финска

пред 2 години

Детето (12), кое беше рането во пукање во училиште во Финска, им подлегна на повредите, соопштија властите.

Во нападот беа ранети уште двајца ученици, исто така на возраст од 12 години.

Осомничениот напаѓач, кој е на иста возраст со нападнатите момчиња, е уапсен.

Полицијата рано утринава била повикана во училиштето и и било кажано дека имало пукање.

Очевидец, кој случајно се нашол во близина на училиштето на неговото работно место, го слушнал пукањето, но првин помислил дека нешто друго се случува.

Текстот Дванаесетгодишно дете загина во нападот на училиште во Финска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top