Еден жител и еден пожарникар се повредени во големиот шумски пожар што синоќа избувна во источниот дел на Пиринеи и уништи 1.650 хектари земјиште, соопштија француските власти.
– Тоа е многу долг огнен фронт, што бара распоредување на големи копнени и воздушни ресурси за да се сузбие, изјави локалниот префект, додавајќи дека главната цел е да се спречи ширењето на пожарот во сушната и тешко достапна област.
Во гаснењето на огнот ангажирани се околу 700 пожарникари, 200 противпожарни возила и девет авиони.
Франција, која неодамна беше погодена од топлотен бран, очекува уште еден бран со температури до 40 степени Целзиусови.
Текстот Две лица повредни во голем шумски пожар во јужна Франција е превземен од МАКФАКС.





