Десетици илјади Французи и денеска протестираа против ковид-сертификатите

пред 3 години

Илјадници луѓе единаесетти викенд по ред, повторно протестираа во Франција против ковид-сертификатите што ги воведе владата за сузбивање на епидемијата, но бројот на учесници на овие протести се намалува веќе неколку недели.

Во Париз, кадешто беа планирани четири протестни маршеви, неколку илјади луѓе излегоа на улиците во раните попладневни часови. Проценките за бројот на демонстранти низ Франција се движат од 60.000 до 80.000, што е јасен пад од почетокот на движењето кон средината на јули. Пред една недела имаше 80.000, а на 7 август 237.000.

Кон средината на септември, вакцинацијата стана задолжителна во Франција за 2,7 милиони здравствени работници, персоналот во болниците и домовите за стари и изнемоштени лица, како и за пожарникарите и возачите на брза помош.

Предлог-законот за продолжување на сертификатите за коронавирус по 15 ноември ќе биде на дневен ред на 13 октомври на владина седница.

Потврдата за Ковид стана задолжителна на 21 јули за места каде што се собираат повеќе од 50 луѓе. Потоа беше проширена за баровите и рестораните и во големите трговски центри, а на 30 август и за 1,8 милиони вработени кои имаат контакти со луѓе.

На 30 септември, треба да се прошири на лица на возраст од 12 до 17 години.

Франција, која брои околу 67 милиони жители, ја надмина границата од 50 милиони луѓе кои примиле барем една доза од вакцината.

Share
Scroll to Top