Дебатата меѓу шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро, и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е детска караница, која може да ја реши „таткото“ на европските земји – Соединетите Американски Држави, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев.
„Кога децата се караат, „татото“ го решава тоа“, напиша тој на социјалната мрежа Икс, коментирајќи ги зборовите на францускиот министер за Европа и надворешни работи, пренесува Спутник.
Претходно, Баро на социјалната мрежа Икс ги отфрли тврдењата на Руте дека Европа не може да се одбрани без помош на САД.
„Дури и САД се согласуваат со тоа. Ова е европскиот столб на НАТО“, напиша шефот на француската дипломатија.
Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса тврдеше дека Европа не може да се одбрани без САД и дека оние кои веруваат дека тоа е можно, грешат. Во исто време, Руте рече дека смета дека е фер и соодветно Европа да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, потсетуваат медиумите.
Текстот Детскaта караница може да ја реши „таткото“ на европските земји – САД, вели Дмитриев е превземен од МАКФАКС.






