Заканувачката енергетска криза што наскоро ќе ги погоди Европската Унија и Обединетото Кралство ќе ги направи преговорите меѓу Европа и Русија неизбежни, изјави денес Кирил Дмитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претседателски претставник за инвестиции и економска соработка со странски земји.
„Претседателот на Финска, Александар Стуб, верува дека американската политика кон Русија и Украина не им служи на интересите на Европа и дека е време да се започнат преговори со Русија. Претстојната енергетска криза, која наскоро ќе ги погоди ЕУ и Велика Британија, ќе го направи ова неизбежно“, рече Дмитриев во објава на социјалната мрежа Икс, пренесува РИА Новости.
Коментарот на Дмитриев дојде како одговор на зборовите на финскиот претседател Александар Стуб, кој рече дека ако американската политика кон Русија и Украина не е во интерес на Европа, тогаш Русија мора директно да се ангажира, потсетува руската агенција.
Текстот Дмитриев: Преговорите меѓу Европа и Русија се неизбежни е превземен од МАКФАКС.




