До 60 проценти од луѓето кои прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

пред 4 години

Шест од 10 лица кои прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во државата Сао Паоло.

Прелиминарните податоци покажуваат дека антителата обезбедуваат мала заштита од новиот вид П1, објави „Мирор“.

Истражувањата ја покажаа шокантната брзина со која П1 стана доминантен во Бразил, за само осум недели од неговото појавување.

Професорката Естер Сабино од Универзитетот во Сао Паоло рече дека помеѓу 25 и 61 процент од антителата создадени за време на првата ковид-зараза не дејствуваат против видот П1.

„Едноставно кажано – од 100 луѓе кои имале ковид, помеѓу 25 и 61 се подложни на добивање на вирус П1. Бевме зачудени кога видовме колку е брз растот на заболените”, рече Сабино.

Share
Scroll to Top