Полската полиција привремено му ја одзеде возачката дозвола на поранешниот висок функционер на Европската Унија, Доналд Туск и го казни поради пребрзо возење, соопштија медиумите во регинот.
Туск (64), кој сега е лидер на главната полска опозициска партија, „Граѓанската платформа“, напиша на Твитер дека казната е соодветна и дека ќе ја прифати без дискусија.
Дозволата му била одземена на три месеци и добил 10 казнени поени од 24 дозволени и казна за брзо возење.
Полицијата во Млава, во централниот дел на Полска, каде што беше запрен Туск, соопшти дека 64-годишниот возач ја надминал дозволената брзина во населено место за повеќе од 50 километри, му била одземена дозволата три месеци и му била изречена казна за брзо возење.
Ограничувањето на брзината беше 50 километри на час.