Патниците на летот на „Делта ерлајнс“ (Delta Air Lines) од Њујорк кон Тел Авив беа евакуирани утринава по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“, откако беше упатена анонимна закана со бомба, пренесува „Мирор“ (Mirror).
Според заканата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот бил преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка.
Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително.
„Џерусалим пост“ (Jerusalem Post) објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба. ж
Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително, објави израелскиот информативен портал „Вајнет“ (Ynet).
„Инцидентот заврши без необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел.
Текстот Дојава за бомба на летот од Њујорк кон Израел, патниците евакуирани е превземен од МАКФАКС.





