Полицијата во пристаништето Месина, на Сицилија, заплени 30 килограми марихуана, која двајца курири се обиделе да ја прошверцуваат во возило на Брзата помош.
Полициските службеници на влезот на траектот, кој ја поврзува Сицилија со Калабрија, одлучиле да го прегледаат возилото на Брзата помош затоа што кучињата користени во операциите против наркотици биле вознемирени во близина на тоа возило.
По деталното пребарување пронашле дрога – 50 пакувања со 30 килограми марихуана, а уапсени се и двајца курири.
Според првичните информации, шверцерите верувале дека ќе ја пренесат дрогата без никаков проблем, сметајќи на вонредната состојба поради заразата со коронавирус, а полицијата претпоставувајќи дека заразено лице може да биде во автомобилот, нема да ги контролира.
Според проценките на полицијата, вредноста на запленетата дрога на пазарот е околу 300.000 евра.