Европската комисија ја предупреди „Мета“ дека нејзиниот бизнис-модел го прекршува Законот за дигиталните пазари

Европската комисија ја предупреди „Мета“ дека нејзиниот бизнис-модел го прекршува Законот за дигиталните пазари

пред 2 години

Европската комисија (ЕК) ја предупреди „Мета“, сопственик на платформите „Фејсбук“ и „Инстаграм“, дека нејзиниот деловен модел „плати или согласи“ го прекршува Законот за европските дигитални пазари (ДМА).

Корисниците на компанијата „Мета“ во моментот може да плаќаат за услугата на дигиталните платформи без следење активности и реклами или да ја користат услугата бесплатно под услов да се согласат компаниите да ги користат нивните податоци за рекламирање, но ЕК смета дека овој модел не е во во согласност со законот.

Компанијата „Мета“ „не им дозволува на корисниците да изберат услуга што користи помалку од нивните лични податоци и е еквивалентна на услуга базирана на платени реклами“, велат Европската комисија.

Текстот Европската комисија ја предупреди „Мета“ дека нејзиниот бизнис-модел го прекршува Законот за дигиталните пазари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top