Еден од најмасовните украински напади врз Русија: Соборени 660 дронови

Еден од најмасовните украински напади врз Русија: Соборени 660 дронови

пред 2 часа

Русија собори 660 украински дронови во текот на ноќта, соопшти Министерството за одбрана во Москва, што е еден од највисоките регистрирани бројки од почетокот на конфликтот.

Дроновите беа уништени во повеќе од десетина региони, вклучувајќи го Московскиот регион, анектираниот Кримски полуостров и Црното Море и Азовското Море, соопшти министерството.

Според градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, биле пресретнати најмалку 47 дронови кои се движеле кон главниот град. „Специјалисти од службите за итни случаи работат на местата на несреќите“, напиша Собјанин на Телеграм, без да наведе жртви или материјална штета.

Масовниот напад со беспилотни летала го погоди и регионот Тула, околу 180 километри јужно од Москва, потврди регионалниот гувернер Дмитриј Милаев. „Приватна куќа е оштетена во селце во областа Шчекино, а една жена е повредена“, објави Милаев на Телеграм.

Во последните месеци, Украина ја засили кампањата на напади со беспилотни летала на долг дострел против Русија, со посебен фокус на енергетската инфраструктура, во обид да го лиши Кремљ од важен извор на приходи за финансирање на воените напори. Минатата недела, украински напад предизвика голем пожар во рафинерија за нафта југоисточно од Москва.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, вчера, по консултации со шефот на службата за државна безбедност за нападите врз руски цели, изјави дека одобрил 40-дневна кампања насочена кон охрабрување на Русија да ја заврши војната против Киев.

 

фото/Depositphotos/илустрација

Текстот Еден од најмасовните украински напади врз Русија: Соборени 660 дронови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top