ЕК: Целта е 70% возрасни граѓани во ЕУ да бидат вакцинирани до крајот на летото

пред 4 години

Европската Комисија објави дека целта е да се вакцинираат 70% од возрасните граѓани во ЕУ до крајот на летото, како и дека очекува до крајот на оваа недела бројот на вакцини доставени до земјите-членки да достигне 107 милиони дози.

Според официјалните податоци на Европската Комисија, досега се доставени 88 милиони дози до членките на ЕУ, од кои 62 милиони се искористени за вакцинација.

Европската Комисија претходно објави дека досега нарачала 2,6 милијарди дози вакцини против Ковид-19, како и дека во тек се преговори за дополнителни дози.

„Испораките со вакцини во земјите на ЕУ континуирано се зголемуваат, а вакцинацијата се забрзува. Комисијата работи и со индустријата за зголемување на производствениот капацитет на вакцини, истовремено започнувајќи да работи и на справување со новите соеви на корона вирус, со цел брз развој и производство на ефективни вакцини против овие видови“, се истакнува од страна Европската Комисија.

Share
Scroll to Top