Руската инвазија на Украина продолжува, а според репортерот на Би-Би-Си, неколку експлозии го погодиле Лавов.
– Сведоци сме на најмалку пет експлозии во западниот дел на Лавов, град во близина на границата меѓу Украина и Полска – рекоа тие.
Велат дека засега немаат официјални информации што се случило, но од местото на експлозијата се издига густ црн и сив чад, а еден од тимот на Би-Би-Си го видел проектилот во лет.
– Алармот за воздушен напад се огласил околу 45 минути пред експлозијата. Сепак, ваквите сирени се вообичаени во Лавов – многу луѓе сè уште беа на улиците, а ние бевме во ресторанот на хотелот на последниот кат кога видовме облаци од чад оддалеку – продолжува репортерот.
Минатата недела градот пријави неколку руски крстосувачки ракети уништени од противвоздушен оган.