Непосредно пред осум часот утрово, во најстариот кварт на Атина, Плака, се случи експлозија, која сериозно оштети станбена зграда, а во која еден минувач е полесно повреден, соопшти локалната противпожарна служба.
Експлозијата се случила во стара двокатна зграда на улицата Лисикрат, која е преку улицата од Столбовите на Олимпискиот Зевс, објавува Прототема.
Противпожарната бригада што интервенирала на лице место евакуирала две жени од соседната зграда, кои биле префрлени во болница.
Експлозијата била исклучително моќна и се слушнала во голем дел од центарот на Атина, а делови од зградата оштетиле паркирани автомобили, додека ударниот бран оштетил и продавници во областа.
Противпожарната служба изјавила дека експлозијата предизвикала и мал пожар.
Според првите информации, експлозијата е предизвикана од истекување на природен гас, според Танјуг.
Текстот Експлозија одекна низ центарот на Атина, еден минувач е полесно повреден е превземен од МАКФАКС.




