На зградата во која се наоѓа седиштето на три грчки весници утрово е фрлена експлозивна направа од рачно производство.
Се работи за канистери со гас, кој експлодирале пред влезот.
Во оваа зграда се наоѓаат редакциите на весниците „Демократија“, „Еспресо“ и „Естија“ во населбата Панграти.
Експлозијата предизвика штета на влезот во зградата. Полицијата го истражува инцидентот.